И Села ќе сведочи за настаните од 27 април

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешното рочиште за настаните од 27 април во Собранието, покрај екс претседателот на Собранието на Република Македонија, повикан да сведочи е лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

Села беше претепан на 27 април, а неговите напаѓачи во друга судска постапка добија казна затвор од 10 односно 13.5 години. За настаните од 27 април обвинет е Абдулфета Алими, кој беше сведок токму на случајот со Села, а беше посочен дека токму Алими го спасил Села од потешки последици од напаѓачите на „крвавиот четврток“.