На денешните протести во Тирана се повредени четири лица – двајца полицајци и двајца демонстранти, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита.
Еден од демонстрантите е задржан на Клиниката за трауматологија, додека еден полицаец е хоспитализиран во болницата „Мајка Тереза“, пренесува „Еуроњуз Албанија“.
До судир меѓу полицијата и демонстрантите дошло пред Министерството за образование на Албанија, кога учесниците на протестот почнале да фрлаат камења кон полициските службеници. Полицијата возвратила со солзавец со цел да ги растера насобраните демонстранти.
