Информација за онлајн часови и веб платформа за едукација во домашни услови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На веб страната на училиштето, учениците и родителите имаат можност да се едуцираат од дома.

На платформата има материјали за секое одделение и секој предмет. На линковите можете да најдете материјали за четвртата недела од Март и првата недела од Април.

Платформата за едуцирање од дома ќе се надополнува секоја недела со нови материјали. Наставниците од ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ ќе започнат со одржување на онлајн часови од Понеделник, 30.03.2020 година. Часовите ќе се одржуваат преку конференцискиот сервис ZOOM и ќе се одржуваат по 3 часови секој ден од Понеделник – Петок.

Учениците може да се вклучат во конференцискиот сервис, а наставникот да им даде задачи, вежби и да има интеракција со учениците.

Распоредот на часови ќе биде истакнато на нашата веб страна (http://brakjaramizhamid.edu.mk/) и учениците ќе знаат кога ќе започне часот, кој ден, кој предмет и која наставна содржина.

Како да се вклучиш да слушаш часови преку компјутер/лаптоп/таблет:

shorturl.at/ciFGS

Како да се вклучиш да слушаш часови преку мобилен телефон:

shorturl.at/hxCVW