Менталното здравје за време на Ковид-19 – стручните лица разменија мислења и искуства во „Клик плус“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веста дека сум заразен со Ковид-19 ја примив смирено и се подготвив за изолација, раскажа синоќа во „Клик Плус“, лекарот од Дебар, Арбен Аголи кој успеа да се излекува од вирусот.

Психологот Ана Ѓорѓевиќ, рече дека човекот на изолацијата може да гледа како предизвик, но истовремено и како можност.

Но, дали оваа корона криза ќе остави последици врз нашето ментално здравје? Професорот по психологија, Мирослав Пендаровски вели дека сѐ уште е рано да се каже тоа.

Социологот пак, Ило Трајковски, уверува дека луѓето треба да го сменат начинот на сфаќање на нештата и како ги водиме животот.

Трајковски, уверува дека во состојбата во која се наоѓаме, кај компаниите и политиката ниту престанува, а ниту пак ќе престане нивната желба да профитираат.

Од друга страна, они кои можеби немаат придобивка во овие тешки моменти се токму лекарите. Педијатарот Аспазија Софијанова, сподели со гледачите на ТВ21 нејзино гледиште за професијата.