„Поминаа 14 дена, сите доктори од клиниката за кожни болести ќе се тестираат, па вратат на работа“, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поминаа 14 дена откако сите вработени на Клиниката за кожни болести беа ставени во изолација поради евентуално појавување на симптоми на коронавиурс.

Ова следуваше откако на работа доаѓала директорката на Клиниката, која се вратила од земја со ризик за коронавирус, а подоцна при направен тест истата беше позитивна.

„Сите лица во врска со Клиниката за кожни болести, веќе се истечени 14 дена, сега се прави распоред и план да тие се тестираат овие денови со цел да се вратат на работа“, рече на прес конференција вчера, Министерот за здравство Венко Филипче.