Прогласена епидемија на морбили во Скопје – невакцинираните деца да не се носат во градинка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство денеска прогласи епидемија на морбили во Скопје поради новите 12 случаи кои се регистрирани во последните часови.

„Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките“, рече министерот Венко Филипче.

Новозаболените најповеќе се деца, но од Министерството велат дека има и возрасни кои немаат примено вакцина.

Србија и Романија веќе се борат со епидемија на мали сипаници и морбили која претставува исклучително опасна и смртоносна болест.