Пронајден и одземен пиштол во домот на лице од с. Шишево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ш.(30) од село Шишево, скопско за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распркувачки материи“. На 28.11.2018 година околу 11,00 часот во Скопје на улица ,,Беласица“, од страна на полициски службеници, при преглед над пријавениот бил пронајден и одземен пиштол марка ,,Црвена Застава“ калибар 7,65 мм и рамка со седум куршуми калибар 7,65 мм.