Се затвора фабриката „Гришко“ во Слепче, која произведуваше балетски чевли

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се затвора фабриката „Гришко Македонија“, која беше отворена во 2012 година во селото Слечпе, Демир Хисар, и која се занимава со производство на балетски опреми и опрема, се затвора. Погонот беше инвеистиција на познатата руска компанија „Гришко“ која произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности.

Според информациите до кои дојде ТВ21, фабриката од февруари престанала да работи поради коронавирусот, и постепено ги намалувала вработените, за на крај да останат само четворица. Неофицијално не биле исплатени пет плати, а остануваат и големи долгови кон други фирми.

Со 4 камиони денеска се подигнувала целата залиха на готов производ, суровини и машини и најверојатно ќе се носи во Русија.

„Жално е што сите институции, од државен инспекторат, од народен правобранител, од гласот на текстилецот, од финансиска полиција останаа глуви, а работниците останаа оштетени“, вели една од вработените во фабриката.

Директорот на „Гришко“, Николај Гришко, во  октомври 2012 година беше во Македонија и имаше средби со тогашни владини функционери, и се реши да инвестира во земјава со погон за производство, главно, на балетски чевли.