Седум нови регистрирани случаи на морбили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера биле регистрирани нови седум случаи на морбили, потврдија од клиниката за инфективни болести.

Три се задржани на лекување на Клиниката. Станува збор за 32-годишна пациентка од Сарај, дете на возраст од година и пол од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.

Четири лица се пуштени на домашно лекување.