Шаторите остануваат пред Собранието, сообраќајот редуциран, во функција само една лента

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По вчерашниот протест пред Собранието, членовите на движењето Македонија блокира и ги оставија шатроите пред законодавниот дом.

Тие најавија дека не планираат да ги тргнат од тука се до Нова Година. Денеска немаше голем број демонстранти, но имаше зголемено присуство на полиција.

Македонија Блокира веќе подолг период протестира пред Собранието против уставните измени и против договорот со Грција за промена на името.