Снегот прави проблеми во авиосообраќајот – одложени полетувања и слетувања од Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Врнежите од снег денеска го отежнуваат авиосообраќајот во Скопје. Од меѓународниот аеродром „Скопје“ за ТВ21 потврдуваат дека четири летови денеска се пренасочени кон соседните аеродроми. Три летови од Љубљана се пренасочени кон Тирана, а авион од Истанбул се вратил повторно назад. Четири летови исто се откажани кои требало да полетаат од аеродромот од Скопје за Љубљана и Истанбул.