Средба Заев-Хан на Светски економски форум во Давос

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев, на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, денеска треба да оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан, соопшти владината прес-служба.

Во делегацијата предводена од премиерот Заев се и заменик претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Премиерот ќе учествува на дебата „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“, на форумот „Иднината на Трансатлантската алијанса“, како и на други форуми и дебати за поврзување во светот на глобалната архитектура на економиите.

Главната тема на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, кој секоја година ги собира најголемите и највлијателните светски лидери е Глобализација 4.0, во чии рамки ќе се дебатираат и иднината на економиите, ризиците на економските опоравувања, иднината на работните места, и други теми.