Актерката Ангела Наумоска од Прилеп заедно со двете нејзини пријателки не може да се врати од Малта во Македонија. Четири часа останале на аеродромот и од таму биле известени дека не можат да се вратат во државата бидејќи компанијата Визер им ги откажала летовите. Тие уште од декември резервирале билети за четири дена од 10-ти до 14 март.
Ангела вели дека Малта не спаѓа во државите со висок ризик за проширување на вирусот па затоа одлучиле да патуваат.
Тие се јавиле во Министерство за надворешни работи, но од таму им рекле дека не знаат што да прават. Преку сооштение МНР најави формирање координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми.
Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:
+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+389 75 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk
Премиерот Оливер Спасовски изјави дека државјаните од Македонија може да се вратат без разлика од која држава доаѓаат но треба да бидат во само-изолација 14 дена. Тој истакна дека треба да се почитуваат одлуките на секоја држава.
