Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија во текот на месец септември, додека во истиот период се пријавени и двајца починати пациенти на кои претходно им бил дијагностициран ХИВ.
Според Институтот за јавно здравје, сите осум нови случаи се кај лица од машки пол. Четворица од нив се на возраст од 30 до 39 години, додека останатите припаѓаат на возрасни групи од 15 до 59 години.
Двајцата пациенти кои починале биле регистрирани со ХИВ во 2015 и 2018 година. До 30 септември оваа година, во земјата се пријавени вкупно 49 нови случаи на ХИВ/СИДА.
Од 1987 година досега, регистрирани се вкупно 778 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 144 починале, 520 живеат со вирусот, додека 114 лица се изгубени од следење поради емиграција.
