Скопската полиција претпладнево имале интервенција на три локации, каде што било пријавени за три починати лица.
Станува збор за едно лице на кејот на реката Вардар утрово во 9:50 часот, човек кој трчал се струполил и паднал. Констатирана е смрт, а на човекот е отворено истражна постапка.
МВР потврди дека во затворот „Скопје“, рано утринава во 4:10 е пронајден мртов 47-годишен притвореник од Ресен. Телото било предадено на обдукција.
На пазарот во Чаир претпладнево постар човек починал. Телото е предадено на семејството.
Засега ниту еден не се поврзува со заболување на Ковид-19.
