Поради коронавирусот, најголемиот православен празник Велигден беше дочекан без присуство на верниците.
Во храмот Св. Климент Охридски се одржа литургија од страна на свештениците, а се вршеа директни преноси на социјалните мрежи и одреден телевизии.
Присутни беа само новинарите, снимателите и фоторепортерите. Дел од нив ја искористија можноста да запалат свеќи.
И полицајците на должност пред вратите за да контролираат кој влегува, а кој излегува од црква.
Граѓаните кои живеат во близина на црквата излегоа на своите балкони да ја следат литургијата и да запалат свеќи.
„За разлика од минатите години, оваа година Велигден беше прославен без присуство на граѓаните, црквите се празни, во нив се само фоторепортерите и новинарите. Граѓаните кои живеат во близина ги искористија своите балкони а да запалат свеќи“, вели репортерката на ТВ21.
Но, во некои цркви и покрај апелите да се почитува полицискиот час за Велигден, имаше и такви православни верници кои на полноќ отидоа во црква и манастир.
Според традицијата се смета дека Марија Магдалена прва го почнала овој обичај со црвени јајца за Велигден. Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани почнале да си подаруваат црвени јајца за Велигден и да се поздравуваат со поздравот Христос Воскресна, Навистина Воскресна!
