ВИДЕО: Голема гужва и колона на „Деве Баир“ – ако одите на скијање во Бугарија понесете и трпеливост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Викендот по Нова Година традиционално, македонските граѓани, оние кои имаат финансиска можност, го користат за скијање. Но, не на Пелистер, Попова Шапка или Маврово, туку во Бугарија. Долги колони на граничниот премин „Деве Баир“ за излез од Македонија се регистрирани денеска. Според информациите ваква е сликата и на останатите македонско-бугарски гранични премини. Оние кои патуваат во Бугарија на скијање, треба да знаат дека вињети нема да има повеќе на самата граница, туку мора да ги купуваат дома, на бензиските станици, електронски или преку мобилна апликација. Законот стапи на сила на први јануари оваа година.

Според наши информации ваква е сликата и на останатите македонско-бугарски гранични премини.

Македонците се почесто одат на скијање во соседството, а во Битола низ градот се поставени и рекламни билборди за тоа што нуди Банско оваа година.

Внимание за сите кои ќе патуваат кон Бугарија: Нема повеќе вињетка на граница, ќе се купува од дома