ВО ЖИВО: Собраниска расправа за притворот на пратеникот Љупчо Димовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Собранието за во 11 часот е закажана расправа на комисијата за мандатно имунитетни прашања, каде што единствена точка на дневен ред е пратеничкиот имунитет на пратеникот Љупчо Димовски.

Debat kuvendor për paraburgimin e Lupço Dimovskit Собраниска расправа за притворот на Љупчо Димовски

Собраниска расправа за притворот на Љупчо ДимовскиDebat kuvendor për paraburgimin e Lupço Dimovskit

Gepostet von TV21 am Samstag, 2. Februar 2019

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, Одделение за организиран криминал и корупција.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.