Момчиња тепаат девојка, МВР најави најстроги санкции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вознемирувачко видео кружи утринава низ социјалните мрежи на кое се гледа како две момчиња тепаат девојка. Наводно видеото е снимано во влез на зграда во Штип.

„Бремена си од мене а?“, се слуша едно од момчињата, кое немилосрдно мава по девојката, а потоа и другото момче го прави истото, а второто лице дава поддршка.

Техничкиот министер Наќе Чулев на својот профил на Фејсбук најави строги санкции.

Славјанка Петровска, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, информираше дека МВР ги превзема сите мерки и лицата ќе бидат најстрого санкционирани.

„Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување.“, соопшти дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.