Дејвид Боуви повторно на турнеја?! Легендарeн необјавен концерт од 1978 ќе го оживее низ арените како „импресивно глобално доживување“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем, досега невиден концерт на легендарниот Дејвид Боуви од 1978 година, насловен „Stage“, во 2027 година ќе биде претставен во арените ширум светот како „глобално импресивно доживување“.

Новото сценско шоу ќе ги замагли границите меѓу концертен филм и настап во живо, а се реализира во партнерство со Wonderworld, наследниците на Дејвид Боуви и режисерот Брет Морген, познат по филмовите „Montage of Heck“ и „The Kid Stays in the Picture“.

Проектот се реализира и во соработка со Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, а ќе биде составен од необработени, досега необјавени 35-милиметарски филмски снимки од настапот на музичарот во лондонската арена „Ерлс Корт“ во 1978 година.

Концертот „Stage“ бил посветен на култниот албум на Боуви „Heroes“ и речиси 50 години останал недопрен во архивите на музичарот.

Покрај оригиналните снимки и светлосните ефекти, проектот ќе вклучува и просторно мапирање на звукот, како и транспарентни ЛЕД-екрани со цел да се создаде илузија дека Боуви и неговиот бенд физички се присутни на сцената.

Светската премиера на „Stage“ ќе се одржи на 14 февруари 2027 година во арената „Убер“ во Берлин, во соработка со 77. издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.