Заев: Не бегам од дуел со Мицкоски, но прво нека го каже својот став за Договорот од Преспа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Македонија Зоран Заев рече дека прифаќа ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но само доколку претходно се изјасни за Договорот од Преспа и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Ако не е за тоа, треба јасно да каже која е алтернативата според него.

„Подготвен сум во секое време и на секое место да дебатирам со Мицкоски. Меѓутоа чесно е тој да го каже прво својот став дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и дали го поддржува Договорот од Преспа. Доколку не е, тогаш нека ја каже алтернативата. Потоа нека го избере медиумот, денот и терминот. Јас сум подготвен на соочување. Тоа е демократски чин“, изјави Премиерот по денешната национална конференција за децентрализација.