1.149 случаи на ентероколит во Гостивар – ИЈЗ: Епидемијата сѐ уште трае

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од прогласувањето на епидемијата на 19 јули, во Гостивар се евидентирани вкупно 1.149 лица со воспаление на дигестивниот систем.

Од ИЈЗ појаснуваат дека оваа бројка се базира само на официјално пријавените случаи од лекарите, додека реалниот број може да биде поголем, бидејќи дел од граѓаните не се јавиле на лекарски преглед.

Според извештајот на ИЈЗ, епидемијата првично била пријавена како епидемија на воспаление на стомакот, со сомнеж дека можела да биде предизвикана од водата. На почетокот биле пријавени 140 заболени и 9 хоспитализирани лица, додека епидемијата сè уште трае.

Во меѓувреме, на 17 јули била воведена забрана за користење на водата од Гостивар за пиење, откако инспекторите откриле сериозно загадување на водоснабдителниот систем.

Подоцна објавените анализи покажале исклучително високи нивоа на колиформни бактерии во водата. На 14-ти август, од институциите, водата во Гостивар е прогласена за безбедна за пиење.