1.269 автоматски пушки М-4 од САД за РСМ – Шекеринска: Многу земји во НАТО имаат недостиг на вакцини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во исчекување на вакцините против ковид 19, на земјава и се донирани 1.269 автоматски пушки М-4 кои се донација на амбасадата на САД. Пушките беа спакувани во осум големи пакети. По пристигнувањето на амбасадорката на САД, Кејт Брнз еден од војниците и објасни за што се користи оваа пушка.

“Може да се користи за уништување автомобили, бункери, згради“

Амбасадорката Брнз рече дека оваа донација докажува дека САД работат на модернизација на Армијата на Северна Македонија.

„Ова е уште еден пример како работиме заедно за да бидеме сигурни дека нашите сили кога заедно ќе се борат и кога заедно ќе обучуваат ќе бидат интероперативни, а овие пушки ќе ја зајакнат интероперативноста не само со САД, туку и со другите сили на НАТО. Ова ќе биде многу важно и многу влијателно за понатамошните активности“, истакна Кејт Мари Брнз.

На прашањето како може Македонија како земја членка на НАТО да се соочува со недостиг на вакцини против Ковид 19, министерката рече дека многу земји членки на НАТО се соочуваат со недостиг на вакцини.

Министерката за одбрана, Шеќеринска додаде дека Армијата ќе се вакцинира во втората фаза заедно со полицијата.