1 минута ќе чини 9 денари – електрични тротинети на 19 локации во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Граѓаните ќе можат да најдат над 500 вакви електрични тротинети на 19 различни локации во Скопје.

И туристите ќе можат да го користат истото.

Оваа новина  во главниот град доаѓа како соработка помеѓу компанијата „БинБин“ и Град Скопје.

Менаџерот на „БинБин“ Висар Дурак посочи дека една минута користење на тротинетите ќе чини 9 денари. Според него, овој проект ќе го забрза и олесни движењето на граѓаните, а објасни и како функционираат тротинетите.

„Во секоја база на станицата има бар-код кој секој патник однапред ќе ја преземе програмата, ќе се регистрира и секој тротинет таму го има бар-кодот. Со баркодот можат да купат неколку пакети, т.е. има пакети кои им овозможуваат однапред да ги купат и искористат минутите. Оние што не треба да купуваат пакети ќе го користат со кредитна картичка, колку минути ќе возат, толку ќе платат“, вели Висар Дурак.

Во случај да се оштетат тротинетите, корисникот ќе сноси одговорност и ќе биде идентификуван бидејќи при преземањето на програмата се следат и правилата кои мора да ги почитува. За ова, директорот на Претпријатието „Паркинзи “, Михаил Петровски апелираше до граѓаните да внимаваат при нивното користење.

„Сакам да апелирам до граѓаните на Скопје за одговорно користење на електричните тротинети и воспоставените станици. Колку повеќе ги чуваме  и колку повеќе се грижиме за нив, толку подолго ќе ги имаме. Со ова ќе имаме полесен и подобар превоз во градот“, вели Михаил Петровски.

Тротинетите може да се резервираат и преку телефон, каде корисникот може да провери  каде има најблиску  тротинет  и таму да го резервира за 3 денари.