1 од 5 жители на Њујорк можеби имале Ковид-19, предложени тестови за антитела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според првичните резултати кои што ги опиша гувернерот Ендру М. Куомо, еден од пет жители на Њујорк е позитивен на тестирањето за антитела од коронавирусот кои сугерираат дека вирусот се шири многу повеќе отколку што е познато.

„Доколку се погледне шемата од примероците, резултатите од случајното тестирање на 3.000 луѓе ја крена можноста дека многу њујорчани, отприлика 2,7 милиони, никогаш не знаеле дека биле заразени веќе се сретнале со вирусот и преживеале“, вели гувернерот.

Куомо исто така истакна дека таквата широка инфекција може да значи дека стапката на смртност е далеку пониска отколку што се верува.

Додека веродостојноста на некои рани тестови за антитела е под знак прашалник, истражувачите во Њујорк работеа во последните неколку недели на развивање и валидирање на сопствени тестови за антитела, со федерално одобрение. Државните власти веруваат дека точното тестирање на антитела се смета за клучна алатка за да се утврди кога и како да се започне со рестартирање на економијата и испраќање на луѓето повторно на работа.

„Тестирањето може да ви каже и стапка на инфекција кај населението – каде е повисоко, каде е пониско – да ве информира за стратегијата за повторно отворање“, рече Куомо.

„Тогаш кога ќе започнете со повторно отворање, можете да ја гледате таа стапка на инфекција за да видите дали се зголемува и ако се зголеми, да забавите“.

Тестирањето во Њујорк е меѓу неколкуте напори на јавните здравствени власти низ целата земја да се утврди колку луѓе можеби биле изложени на вирусот, надвор од оние кои тестирале и биле позитивни. Резултатите се чини дека се во согласност со истражувањата од северо-источниот универзитет, кои покажаа дека коронавирусот циркулира од почетокот на февруари во областа на Њујорк и другите поголеми градови.

Во Калифорнија, неколку студии користејќи тестирање на антитела, утврдиле дека стапката на изложеност е дури 4% во округот Санта Клара и 5% во округот Лос Анџелес – повисока од оние што се означени со тестови за инфекција, иако не толку високи, како што се наоѓаат во Њујорк.

Официјални лица за јавно здравје неодамна открија дека една жена во Санта Клара која починала на 6 февруари била заразена со вирусот.

Во Њујорк, околу 21% биле позитивни на тестирањето за коронавирусни антитела за време на истражувањето на државата. Стапката беше околу 17 проценти на Лонг Ајленд, скоро 12 проценти во округот Вестчестер и Рокленд и помалку од 4% во остатокот од државата.