24 пожари низ Македонија, активни се 8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 18:00 часот

На ден 09.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 5 се под контрола, а 11 пожари се изгаснати.

Активни пожари – 8:
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума);
Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Македонски Брод: с. Бенче (мешана листопадна шума);
Општина Долнени: помеѓу селата Пешталево и Секирци (ниска вегетација и стрниште);
Општина Бутел: кај Љуботенски Пат (ниска вегетација);
Општина Карпош: на бул. „Илинденски Пат“ (ниска вегетација и дрва).

Пожари под контрола – 5:
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар);
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар);
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани (шума);
Општина Струмица: над с. Стиник (шума).

Изгаснати пожари – 11:
Општина Кичево: над с. Кнежино, м.в. Црн Камен (шумски пожар);
Општина Ново Село: над с. Стиник (шума и ниска вегетација);
Општина Карпош: с. Бардовци (ѓубре);
Општина Берово: на патниот правец Берово – Струмица (ниска вегетација);
Општина Радовиш: во близина на клучката на патниот правец Радовиш – Струмица (ниска вегетација);
Општина Охрид: во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ (ниска вегетација);
Општина Струмица: на подрачјето на град Струмица (ниска вегетација);
Општина Тетово: кај муслиманските гробишта (ниска вегетација);
Општина Крива Паланка: с. Осиче, место викано Рамни Камен (борова шума);
Општина Старо Нагоричане: с. Стрезовце (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар).