10 државјани на Косово заглавени во Грција – не можат да ја поминат границата со Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

10 државјани на Косово останаа заглавени во Грција. Тие вчера се обиделе да се вратат во родното Косово преку македонско-грчката граница, но не им е дозволено да ја преминат бидејќи Северна Македонија од вчера ги затвори сите копнени граници. На граница им бил побаран документ дека нема да останат во Македонија, туку дека само ќе направат транзит. Тие во моментов престојуваат во хотел во Грција кој се наоѓа 1км од границата.

„Во мојата група сме 8 лица, но сега дојдоа уште двајца. Случајно и тие имале лет од Јордан во Солун“. вели Миѓен, државјанин на Косово.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, рече дека околу 200 патници од странство чекаат да влезат во Северна Македонија, уверувајќи дека бараат што поскоро решение за проблемот. 

Извори на ТВ21 од косовското Министерство за надворешни работи, велат дека овој ресор ги има имињата на 8 луѓе кои се наоѓаат во Грција. Како што тврдат – ги поседуваат и имињата и на други косовски државјани кои се во вакви ситуации, уверувајќи дека работат на изнаоѓање решение во интерес на сите страни. Со состојбата е запознаено и македонското МНР и Амбасадата на Косово во Македонија. Двете институции постојано ја следат состојбата и веднаш штом ќе се отвори можност, жителите на Косово ќе можат да се вратат во нивната држава.