10 години од “Скопје 2014” – наместо 80, се потрошија 567 милиони евра (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешен ден пред 10 години, беше промовиран проектот „Скопје 2014“ од страна на тогашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, проект за кој подоцна настанаа многу полемики во јавноста, многу беа за, многу против.

Навидум оваа инвестиција ги прејде првичните прогнози за потрошени пари. Така наместо 80 милиони кои беа предивдени, беа потрошени седум пати повеќе, односно 567 милиони евра.

Најскап објект е од проектот „Скопје 2014“ е зградата во која се сместени Уставен суд, Државен архив и Археолошкиот музеј, и истата чинеше 42 милиони евра. За Македонската филхаромнија беа потрошени 39 милиони, а два милиони помалку за театарот.

Проектот ги опфати и Портата „Македонија“, „Воин на коњ“, спомениците на плоштадот Филип Втори, „Воинот“, седумте скулптури на мостот Око, Летниковецот, споменикот на Христо Татарчев, „Воинот“ во Гази Баба.

Беа поставени и фосади на многу објекти, а само онаа на Владата чинеше 15 милиони евра и беше поскапа од сите други фасади поставени во центарот на градот.

„Скопје 2014“ вклучува: 132 објекти, 30 инвеститори, 117 фирми, 9 леарници и 130 автори на идејни решенија.

Еве го видеото од пред 10 години: