Детергентот за садови е „смрт“ за тврдокорните наслаги од маснотии, што е одлично кога миете садови, но не би требало да го користите за други предмети и материјали.
Британскиот стручњак за чистење, Хедер Бариган наведе 10 работи кои никогаш не би требало да ги чистите со ова средство. Тој напоменува дека некои работи доколку ги исчистите со средство за садови, потоа може да ги фрлите. Ова се 10 работи кои не треба да ги чистите со детергент за садови.
- Паркет – течност за миење садови за чистење на паркет е лоша идеја поради тоа што остатоците од детергентот го оштетуваат дрвото
- Кожа – кожата е чувствителен материјал и за долго да потрае, треба да ја задржи природната „маснотија“. Кога би користеле детергент за садови, ја отстранувате и маснотијата, и ја уништувате мекоста.
- Свила – свилата е чувствителна ткаениана и треба внимателно да ја третирате, а со детергент за садови може да ја оштетите.
- Садови од лиено железо – најдобро е да избегнувате течности за садови за чистење на шерпи или садови од лиено железо, затоа што го уништуваат заштитниот слој.
- Огледала – нема да нанесете некоја штета на огледалото, но нема да направите ниту добра работа. Оставаат траги на овие површини кои потоа тешко се чистат
- Даска за сечење – ова е можеби најголемата грешка која сите ја правиме. Миењето со детергент за садови и врела вода на даската за сецканње, не се отстрануваат наслагите на храна кои „влегле“ во дрвото. Многу подобра идеја е накратко да ја потопите даската само во избелувач.
- Автомобил – ако сакате да го уништите вашиот автомобил, испрете го со течност за миење садови. Избелувач и амонијак кои го содржат го разградуваат заштитниот восок на бојата на автомобилот.
- Билки – треба да избегнувате да миете билки или било какво овошје, затоа што така се „трујат“ со штетни хемикалии
- Коса – течноста за перење на садови е штетна за косата затоа што и ги одзема сите природни масла, а посебно е лоша за третирана или фарбана коса.
- Куќни миленици – во случај да ви падне на памет оваа идеја, треба да знаете дека животните се третираат со специјални производи за нега. Течноста за миење садови може да ја исуши кожата и влакната на вашите миленици.