100 дена од старо новата Влада – дали заглавивме во кал и безизлез?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 „Ќе имаме европски стандард и високи плати“. „Ќе чекориме рамо до рамо со нашите врсници од Европа или ќе заглавиме во кал и безизлес“ , „Влеговме во НАТО одиме во ЕУ. Отварање на Европските пазари и фондови“.

Ова се само дел од главните ветувањата на Владата во изборната кампања. Владата во првите 100 дена се фокусираше на надворешната политика. Всушност најголем акцент стави за започнување на преговори со Европската унија. Но, сепак Македонија доби вето од страна на Бугарија за пристапните преговори со Европската унија. Па сега се поставува прашањето дали заглавивме во кал и безизлез, бидејќи уште долго време нема да „чекориме рамо до рамо со нашите врсници од Европа“, како што се велеше во спотот на СДСМ во предизборната кампања.

Коалицијата „Можеме“ ветуваше на граѓаните европски стандард и влез во ЕУ. Алудирајќи дека недоразибањата со земјите соседи се решени.

„Ги реши децениските спорови со соседите, кои ни ги отворија вратите на НАТО и ЕУ“.

Една од главните ветувања на Владата не е исполнета, а тоа е започнување на преговорите со Европската унија.

„Ова се работи кои ќе ги направиме во првите 100 дена. Ќе аплицираме задолжителен ветинг за  на секој политичар, судија и државен службеник. Минимална плата од 600 евра за секое медицинско лице, наставник и учител.

Но, по 100-те дена влада, нема старт на преговорите, нема задолжителен ветинг за секој политичар, државен службеник, а нема ниту минимална плата од 600 евра.

Владиниот партнер ДУИ не исполни ниту едно ветување кое го вети за првите 100 дена.

 „Задолжителен aлбански јазик во секое училиште почнувајќи од петто одделение. Закон за забрана на казина на растојание од 1 км од училиштата, градинките, црквите и џамиите“.

Овие ветувања до денес не се ниту спомнати од страната на сегашните фунцкионери, а ниту отпочнати во некоја иснтитуција.

„Ќе воведеме флексибилно работно време во текот на неделата и скратено работно време во петок“.

Изостанаа прес конференциите на премиерот и министрите за отчетот за тоа што е сработено во првите 100 дена. Деновиве повеќе се комуницира со медиумите преки директни обраќања или затворени настани, без можности за новинарски прашања. Сепак, неофицијално најверојатно утре ќе се одржи прес конференција на премиерот со уште неколку министри, на која веројатно граѓаните ќе бидат информирани за она што е сработено, но и веројатно ќе се даде одговор зошто ветувањата кон нив не се исполнети.