11 гласа „За“, 60 „Против“ – во Собранието не помина интерпелацијата за Спасовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По паузата од 15 минути во Собранието попладнево продолжи 39-седница на која беа останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна беше интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

11 пратеници гласаа „ЗА“, 60 беа „ПРОТИВ“ и немаше „ВОЗДРЖАНИ“, а со тоа во Собранието не помина интерпелацијата на Спасовски.

Вкупно гласаа 71 пратеник.

Инаку, интерпелацијата беше поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.