Шпанското Министерство за здравство потврди втор случај на инфекција со хантавирус кај шпанските граѓани кои се во карантин во Централната болница „Гомез Ула“ во Мадрид. Патниците беа евакуирани од крузерот „МВ Хондиус“ по појавата на епидемијата, со што вкупниот број на заразени лица меѓу нив се искачи на двајца, објави
„Еуроњуз“ .
Новозаразеното лице беше идентификувано како близок контакт на првичниот случај и веќе беше во изолација и под медицински надзор во согласност со протоколите на Системот за рано предупредување и брз одговор. Здравствените власти објавија дека инфекцијата е откриена со рутинско PCR тестирање и дека случајот не претставува зголемен ризик за пошироката јавност.
Останатите 12 шпански државјани остануваат во карантин под медицински надзор. Министерството соопшти дека пропишаните мерки за изолација ќе останат во сила сè додека не истече периодот од 42 дена пропишан со меѓународните протоколи.
