Герасимовски по лизгањето на земјиште во Општина Центар: Обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Центар реагираше по повод лизгањето на земјиштето во близина на Католичката Црква во градилиште каде што требаше да се гради зграда.

Евидентирано е оштетување на јавна површија и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Општината вели дека веднаш се изречени најстроги казни и санкции кон инвеститорот.

„Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар излегоа на терен и веднаш презедоа мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор.

Општина Центар нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор. За секое прекршување ќе следуваат ригорозни мерки согласно законските надлежности.

Истовремено, инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација, како и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.

Општина Центар останува на терен и будно ќе го следи случајот сè до целосно отстранување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните“, велат од Општина Центар.