11 години работа, 11 години доверба – ТВ21, патување што продолжува!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 21 септември 2015 година, ТВ21 започна со емитување во Македонија со јасна цел – да изгради телевизија која информира, слуша и е блиску до граѓаните.

Во текот на овие 11 години поминавме низ многу предизвици, учевме, растевме и се менувавме заедно со времето. Но, едно нешто остана непроменето – посветеноста да носиме точни, веродостојни и балансирани информации.

Секоја вест, секое емитување и секој чекор направен во текот на овие години е изграден врз довербата на нашите гледачи. Признанијата што ги добивме се потврда за нашата работа, но пред сè се одговорност да бидеме уште подобри.

Денес не одбележуваме само годишнина. Одбележуваме едно патување што продолжува.

Ви благодариме што нè следите, нѝ верувате и сте дел од оваа приказна.

ТВ21, 11 години со вас, за вас. Преку секоја граница!