Сè повеќе Французи поради високата цена користат масло од репка наместо дизел

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Сè поголем број француски возачи се обидуваат да го заменат дизел-горивото со масло од репка поради разликата во цената, но стручњаците предупредуваат дека ваквата практика може да оштети одредени мотори, а воедно претставува и царински прекршок.

На социјалните мрежи во последните денови вирално се шири видео од возач кој во резервоарот на автомобилот сипа прехранбено масло. Неговата цена е околу 1,45 евра за литар, додека цената на дизелот на некои француски бензински пумпи достигнува речиси три евра, пренесува францускиот портал „Ла Воа ди Нор“.

Една Французинка изјавила дека веќе 15 години користи отпадно масло за јадење како гориво за својот автомобил „Мерцедес“.

Како што вели, маслото претходно го остава да се таложи и го филтрира, а го набавува од угостители и сопственици на мобилни угостителски објекти.