11 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 11 починати лица:

  • Четири пациенти од Скопје (76, 81г, 79г, 62г)
  • Два пациенти од Прилеп (77г, 66г)
  • Два пациенти од Крушево (55г,76г)
  • Еден пациент од Штип (65г)
  • Еден пациент од Битола (85г)
  • Еден пациент од Охрид (59г).

Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.