Во сударот на траектот „Овелгон“ со баржа (пловен објект без свој погон за транспорт на стока) што превезувал товар во пристаништето Хамбург, повредени се 11 лица, од кои едно потешко, јавија денеска германските медиуми.
Несреќата се случила утринава на Нордерелбе кај Келбранд, кога траектот „Овелгон“ се судрил околу 6:40 часот, јави Ndr.de.
Ударот бил толку силен што делумно напукнала страната на траектот, при судирот се повредени 11 лица, а еден од патниците е повреден во главата и се здобил со повреди опасни по живот.
