1100 пациентки со рак на дојка – не прашува за години, потребен сеопфатен скрининг!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жени со рак на дојка е зголемен во последните години. Во 2018 година имавме 750 пациенти, но сега оваа бројка е 1100. Меѓутоа, се уште не се јасни причините зошто бројот е зголемен. За ова зголемување се претпоставува дека се одговорни повеќе фактори, вклучувајќи ги  бременоста, загадениот воздух, стресот и генетиката.

Ракот на дојка не познава возраст и претставува голем ризик за сите жени. Според онкологот Илир Исмаили, секоја жена по 25-та година треба еднаш или двапати годишно да оди на прегледи, вклучително и ултразвук, додека по 35-40 години, на секои две до три години треба да се започне со скрининг или мамографија.

„Во последно време сме забележале рапидно зголемување на новите случаи со рак во жлездата на дојката. И тоа бројката достигна околу 1100 дијагностицирани пациенти со карцином на жлездата на дојката“, вели Илир Исмаили.

И хирургот Илир Вела вели дека ракот на дојката не познава возраст, дури раскажа и искуство за најмладата 21 годишна пациентка. Како најзагрозени ги спомна бремените жени и жените над 35 години.

„За нас како хирурзи е среќна вест кога пациентите ги третираме само со хируршка интервенција и нема потреба од онколошки третман. А лоша вест е кога на годишно ниво кај 5 или 6 пациенти кои се дијагностицирани и се потврдува највисок стадиум на ракот на дојка. Јас ги наброив дека сите мерки кои доведуваат до ваква состојба, ракот на дојка нема симптом како болка“, вели Илир Вела.

Двајцата специјалисти го негираа фактот дека има недостиг на термини за дијагностицирање или хируршка интервенција, тие изјавија дека најдолго за хируршки зафат се чека 3 недели, и тоа е рекордно време за разлика од другите балкански и европски земји.