114 години од Битолскиот конгрес – посетители од цела Македонија се упатија кон Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Се наоѓаме во Домот на азбуката во Битола, каде што денеска се одбележува 114-годишнината од Битолскиот конгрес. Тука пред 114 години се собрале бројни делегати и интелектуалци Албанци со цел основање на азбуката на албански јазик. Во текот на денот имаше многу посетители кои дојдоа во посета и одблиску да ги видат сите документи што се наоѓаат во овој музеј“, вели репортерката на ТВ21.

Пред 114 години во Битола се собрале интелектуалци Албанци од сите земји за донесат одлука за стандардизацијата на азбуката со која ќе се испишува албанскиот јазик. Во земјава се одржуваат бројни културни активности. Фестивалот на азбуката во Битола започна уште на 11 ноември, вели директорот на Музејот на азбуката, Заит Алиу.

„Организиравме академија посветена на богатата кариера на пејачот Михајл Цико. Дел од уметничката програма се Рудина Цико, Шкељзен Бафтјари заедно со маестро Жани Цико, кој е син на Михајл Цико, а вечерва продолжуваме со изложбата на Ваљмир Азири“ вели Заит Алиу.

Голем број ученици и наставници го посетија овој храм во кој се основани првите албански букви, но жителите на Битола и Прилеп се чувствуваат запоставено.

„Дојдовме во посета на музејот по повод Денот на азбуката, согласно нашата наставна програма и задоволни сме“.

-Дали сте запоставени?

„На некој начин да“.

„Во Македонија сме запоставени поради политика, меѓутоа се трудиме да опстанеме“.

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река, порача дека албанските влади треба да придонесат за одржување и зачувување на овој дом од непроценлива вредност.

„Ќе се потрудиме максимално за овој музеј, ова свето место на албанската азбука да ја добие димензијата што ја заслужува“, вели Фатос Река.

Прославата по повод Денот на азбуката беше затворена со изложбата на Ваљмир Азири и концертот на Албанскиот ансамбл од Скопје.