12 браќа и сестри го соборија Гинисовиот рекорд – причината е неверојатна! (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дванаесет браќа и сестри од Пакистан поставија нов Гинисов рекорд во збир на годините од членови на семејството, објавено е на официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди.

Вкупниот збир на нивните години е 1042 години и 315 дена.

Дванаесет браќа и сестри од семејството Декрус се родени од мајката Сесилија и таткото Мајкл во Пакистан, а денес живеат низ целиот свет – во Швајцарија, Канада и САД, а нивната возраст се движи од 75 до 97 години.

Првото бебе родено во семејството беше Дорин на 3 септември 1923 година, следни се: Патрик (30 септември 1925), Џеневив (4 јули 1927), Џојс (2 март 1929), Рони (24 август 1930), Берил (26.08.1932), Џо (1.06.1934), Франческа (17.09.1936), Алтеа (27.07.1938), Тереза ​​(9.06.1940), Розмари 30.03.1943) и на крај Евгенија (24 октомври 1945 година).

Тие пораснале во Пакистан, а најстариот брат Патрик се преселил во Канада на работа, сакајќи да се пресели и остатокот од семејството.

Нивниот татко починал кога најмладата ќерка имала година и пол, а како што изјавија за Гинисовата книга на рекорди, загубата ги зближи уште повеќе.