Во судир помеѓу минибус и камион во Зимбабве загинаа 27 луѓе.
По судирот минибусот целосно изгорел. Несреќата се случила откако камионот непрописно претекнувал друго возило.
Сообраќајните несреќи се чести во Зимбабве, пред сè поради преполните автобуси, нерегулираните такси возила, неприспособената брзина и лошите патишта.
Според податоци на Економската комисија на Обединети нации за Африка, ширум Африка околу 300.000 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи, што е една четвртина од вкупниот број во светот.
