12 полицајци од Чешка на македонско-грчката граница, позитивни на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во денешниот извештај од министерството за здравство, има 12 странски државјани, евидентирани како новозаразени од Гевгелија. Станува збор за 12 полицајци од Чешка, кои имале позитивни тестови на Ковид-19, а кои се дел од мешаниот полициски контингент на македонско-грчката граница.

Ниту еден од нив немал симптоми, но на тестирањата биле позитивни. Тие биле ставени во карантин, како и нивни колеги со кои биле во контакт.

Тие се подготвувале да се вратат во Чешка, но сега ќе мора да останат во изолација откако се покажале како позитивни на вирусот Ковид-19.