Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, регистрирани се 1285 нови случаи на коронавирус, додека пак оваа борба ја изгубија 14 лица, од кои најмладиот е на само 21 година.
- Починато лице од Скопје (52 години)
- Починато лице од Битола (75 години)
- Починати две лица од Кичево (66 и 71 години)
- Починато лице од Крива Паланка (47 години)
- Починато лице од Штип (62 години)
- Починато лице од Свети Николе (76 години)
- Починато лице од Радовиш (66 години)
- Починати 4 лица од Тетово (50, 63, 66 и 82 години)
- Починато лице од Гостивар (78 години)
- Починато лице од Кавадарци (21 година)
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14.661.
