15 години образование за мир: „Меѓаши“ со благодарници за две средни училишта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Детската амбасада „Меѓаши“ им додели благодарници на средните училишта „Зеф Љуш Марку“ од Скопје и „Ванчо Прке“ од Виница. Наградите беа доделени по повод 15 години од Програмата за образование за мир, за континуиран придонес во создавањето безбедна и инклузивна училишна средина.

„Ние веќе 35 години градиме концепт и вредности за мирот, а со програмата за мировно образование успеавме да опфатиме 75 училишта, 350 обучени професори и над осум илјади и петстотини деца
Ние, всушност, сме толку активни во едно конфликтно општество со висок ризик, какво што е нашето, и на целиот Балкан, успеваме да создадеме поинаков систем на вредности и размислување“, изјави претседателот на „Меѓаши“, Драги Змијанац.

Државната секретарка во Министерството за образование, Елена Ивановска, изјави дека најголемата задача е пред наставниците, сè што ќе постигнат на обуките да го пренесат во училницата и да им го доближат на младите.
„Ако уште од мали, децата научат да ги решаваат несогласувањата со разговор, слушање и компромис, наместо со карање, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тогаш ќе израсне генерација која има култура на мир и ги практикува односите со другите.“, рече Ивановска.

„Потребни се организации како Меѓаши, кои имаат визија, визија за една поинаква иднина, за подобра иднина, заснована на правда и мир. Не успеав да го следам говорникот пред мене, но ги слушнав зборовите дијалог и толеранција, а мојата единствена загриженост е работата што треба да ја вложиме во работата со училиштата и во работата со наставниците.“, истакна Амјад Митри, регионален координатор за Западен Балкан.