15-годишник возел автомобил иако немал право да управува, полицијата го приведе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил иако сè уште нема право да управува моторно возило.

Случајот се случил вчера во 14 часот во селото Батинци, скопско, кога полициски службеници од СВР Скопје спровеле сообраќајна контрола.

При контролата бил запрен автомобил „тојота“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека зад воланот се наоѓал 15-годишник кој не се стекнал со право за управување со возило.

Малолетникот бил лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.