Вооружени лица убиле најмалку 15 лица извршувајќи неколку напади во населени места во мексиканскиот пограничен град Рејноса, што предизвика паника кај локалното население, соопшти денеска локалната полиција.
Новинската агенција на мексиканската држава Тамаулипас, во координација со полицијата, изјави дека нападите започнале во саботата попладне во источниот дел на градот, кој се граничи со Мекалена, град во Тексас, пренесе АП.
Агенцијата навела дека едно лице е убиено за време на нападот врз полицијата во близина на мостот на границата со САД, но не е познато дали другите биле застрелани во случајни напади или биле мета.
По пукањето беа мобилизирани Националната гарда, државната полиција и некои други безбедносни служби.
Полицијата изјави дека уапсило лице кое во багажникот на автомобил држело две киднапирани жени, а се додава и дека биле запленети три возила.
Градоначалникот на Рејнос Маки Естер Ортиз Домингез рече дека треба да се утврди кој го извршил нападот и граѓаните да бидат заштитени.
Картелот Залив е доминантен во таа област, но АП додава дека имало раскол во бандата.
