1598 кандидати за 120 пратенички места, лидерска трка во 6 изборна единица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 15 јули оваа година ќе се одржат предвремени парламентарни избори во земјава. 1598 кандидати во трка за 120 пратенички места.

Партиите учеснички на изборите уште во март ги доставија кандидатските исти. Вкупно 15 доставиле листи. Некои партии сами а некои во коалиција. Но кои се носители на изборните листи во главните партии? Во изборната единица 1, носител на листа од коалицијата СДСМ-Беса е Никола Димитров. Носител на листа од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Обнова на Македонија, Гордана С. Давкова. На чело на ИЗ1 од ДУИ е Изет Меџити а од коалицијата АА – ААА Скендер Реџепи. Од ДПА носител е Ниметула Демири.

Во втората избора единица носител на листа од коалицијата “Можеме“ е Оливер Спасовски а од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Актуелниот министер за образование Арбр Адеми ќе биде носител во ИЗ2 од ДУИ, а од коалицијата АА – ААА ќе биде лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Од ДПА носител е Орхан Ибрахими.

Во изборна единица 3 од коалицијата СДСМ – Беса носител ќе биде Љупчо Николовски а Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ за коалицијата Обнова на Македонија, и двајцата генерални секретари.

Во албанскиот блок во ИЕ3 од ДУИ е Беким  Незири, додека од коалицијата АА-  ААА Беким Татеши. Од ДПА Сами Рушиди.

Листата во ИЕ4 од СДСМ  ќе ја предводи екс премиерот Зоран Заев, а од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. ДУИ настапува со Сеад Зејнели, додека коалицијата АА – ААА со Ваљбона Река.

Во ИЕ5 коалицијата Можеме ќе ја предводи министерката за одбрана Радмила Шеќеринска додека коалицијата Обнова на Македонија, Игор Дурловски. Во албанскиот блок носител е Талат Џафери додека од коалицијата АА-ААА Сурија Рашиди. ДПА ја предводи Васфи Доко.

Изборна единица 6 ќе биде “најжешка“ за албанските апртии бидејќи тука во трка се сите лидери на албанските партии освен на Алтернатива. Носител од СДСМ – Беса е Биљал Касами, од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Во албанскиот блок од ДУИ е Али Ахмети, од коалицијата АА-  ААА Зијадин Села. Од ДПА носител на листа е лидерот на партијата Мендух Тачи.

Изборната кампања за изборите на 15 јули официјално започнува на 24 јуни.