Синдикатот на полицијата на Македонија со поплаки за платите на полицајците, бидејќи како што велат, основната плата е 16.300 денари. Орце Коцевски, претседател на овој синдикат бара од месец јануари 2024, платите да се покачат за 15% за сите вработени во полиција.
На прашањето во врска со ова, од МВР за ТВ21 велат дека платите се покачени за 35% и дека постојано се преземаат мерки во овој правец.
„МВР постојано презема мерки во оваа насока. За седум години на вработените во МВР им се зголемија платите за 35%, преку петте покачувања на платата за сите, но и 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места, како и шест редовно исплатени бонус плати, со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните.“, велат од МВР.
Претседателот на Синдикатот на Полицијата, Коцевски на прашањето како го коментира покачувањето на платите за 35% на полициските службеници, тој рече дека не знае да каже дали е ова вистина или не, туку само додаде дека полицајците во минатото живееле подобро во споредба со сега.
