Тетовската полиција приведе 16-годишно момче од Тетово, осомничено дека извршило тешка кражба во црквата „Св. Богородица“ во градот. Против малолетникот по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од СВР Тетово информираат дека на 13 јули околу 23:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода малолетникот на Градскиот плоштад во Тетово.
Според пријавеното, истиот ден околу 21:10 часот, тој влегол во црквата „Св. Богородица“, од каде што одзел пари и други предмети.
За случајот бил известен јавен обвинител, а со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на негов родител и претставник од Центарот за социјални работи.
Полицијата продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува поднесување пријава до надлежните институции.
