На јавната расправа за буџетот на општина Кичево за 2023 година, претседателите на месните заедници ги повторија нивните барања за изградба на улици и патишта, водоводна мрежа и решавање на проблемот со депониите. Истите барања неколкупати ги доставувале и во канцеларијата на градоначалникот на Кичево.
Селото Премка, побара санирање на патот на потег Шутово-Премка.
„Во Премка не е фрлено ниту една лопата асфалт. Патот го направи до Шутово, но од Шутово до Премка има уште 800 метри. Не е направен, значи ова треба да го реализираш“.
Населбата Ивандол меѓу другото имаше и барање за изградба на училиште.
Селата Големо и Мало Драгомиште побараа проширување на главниот пат меѓу двете села.
„Проширување на улицата од кај полицијата па до влезот на селата за барем уште половина метар“.
Барањето на селото Србјани е во 2023 година да добијат канализациона мрежа.
Селото Зајас го повтори барањето за изградба на неколку селски улици.
„Санирање на улицата од кај Мајка Албанка до Забел“.
Кичевското село Бачишта имаше повеќе барања, меѓу кои:
А селото Црвивци побара решавање на проблемот со отпадот, потсетувајќи на зелената агенда која ДУИ ја презентираше на последните локални избори.
„Што ќе правиме со проблемот со отпадот? Ние заедно влеговме со зелена агенда на последното гласање и треба да излеземе со таа зелена агенда, а не со валкана агенда“.
Градоначалникот Фатмир Дехари вети дека ќе ги исполни барањата на граѓаните, барајќи од месните заедници да ги решат имотно-правните проблеми за да не наидат на никакви пречки.
Буџетот на општина Кичево за 2023 година е 16 милиони евра. Планирани се и капитални проекти како изградба на долгоочекуваниот канализациски систем Зајаз-Другово, изградба на детски градинки, реновирање училишта, средства за спорт, култура и др.
